
Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во заедничка акција со Министерството за внатрешни работи на Македонија, С. М. (42) е уапсен во Скопјe под сомнение дека планирал да изврши тешки кривични дела.

Како што е наведено, при претрес на станот и другите простории што ги користел во Скопјe, полицијата пронашла лична карта на друго лице издадена од Република Србија, црна тактичка униформа, воен нож, мала количина марихуана, пиштол CZ и муниција.
Се сомнева дека С. М. претходно нелегално влегол на територијата на Македонија и дека планирал да изврши тешки кривични дела во таа земја во име на членови на криминалната група на која припаѓа, најверојатно кривично дело убиство.

