
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против И.Ѓ.(26) од село Ново Конско, гевгелиско, П.Ч.(33) од Гевгелија и В.С.(51) од Струмица поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Пријавениот И.Ѓ. организирал набавка на кокаин и, по претходен договор со пријавениот П.Ч., го ангажирал со неговото возило да го пренесе до третопријавениот В.С.. Откако кокаинот бил доставен до В.С., тој го сокрил, односно го закопал во земја на место викано „Топо” во атар на с.Босилово, струмичко.
По добиени сознанија и преземени службени дејствија, полициски службеници од СВР Струмица ја пронајдоа локацијата на која била закопана дрогата и со помош на работни машини е ископана, извадена и одземена од В.С..
