Skip to main content
Хроника

Почина возач на патот Кичево-Демир Хисар, му се слошило, по што излетал од патот

26/04/2026  14:35

На 25.04.2026 во 15:30 часот во ПС Кичево е пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар, во близина на с. Видрани, од патот излетало патничко возило „фолксваген поло” со кичевски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (62) од с. Другово,кичевско.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај возачот, а по кажување на сопругата на возачот, која била во возилото, Т.С. се пожалил на болки во градите, по што му се слошило и со возилото излегол надвор од коловозот.

По насоки од јавен обвинител, телото е дадено за обдукција.