
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
СДС и Венко Филипче со историски најниска доверба од граѓаните.
Лошиот ПР, небулозните и клеветнички соопштенија и прес-конференции, полни со навреди и непристоен речник, СДС и Венко Филипче ги донесе до рејтинг од 4,9% и 3,6%.
Сепак, Филипче, не е загрижен за неговиот и на СДС лош рејтинг кој од анкета до анкета, во континуитет се топи, и што целосно потфрлија фалименто соопштенијата напишани од новиот партиски ПР шеф, Башановиќ, затоа што целосно живее во свој паралелен универзум.
Со месеци ги слушавме СДС и Филипче како, по којзнае кој пат, ги лажеа граѓаните како новите анкети ќе покажат дека поддршката на ВМРО-ДПМНЕ од граѓаните паѓа, додека, пак, кон СДС се зголемувала.
И тоа со месеци го повторуваа на лажните прес-конференции и по јавните настапи.
Но, последното истражување на јавното мислење откри уште една лага на СДС, со што повеќе од јасно е дека на следните избори оваа партија на чело со Филипче, ќе се соочи со многу лош резултат, од оној од последните изборни циклуси.
Тоа значи, дека нема да биде изненадување за никој доколку СДС на следните избори освојат и помалку од 100.000 гласови. Тоа го покажуваат и резултатите од последната анкета.
Тоа што е позагрижувачки, е што на Бихаќка никако да им дојде памет дека треба да ги променат политиките и да ги променат новите ПР шефови Башановиќ и Шчекиќ, луѓе кои по насока на Заев се таму и го уништуваат СДС.
А, тој што свесно го дозволува уништувањето на СДС, е токму Венко Филипче кој тоа го прави по насока и целосна послушност кон Зоран Заев.
Послушноста на Филипче кон Заев се гледа и по што негови луѓе се дел од таканаречените нови партиски структури, меѓу кои е и Стојан Коциров кој до пред само некоја година како директор ја водеше фирмата блиска до семејството Заеви, поточно Вице Заев, Сара Инженеринг ДОО Струмица.
Се поизвесно е дека СДС ќе продолжи да тоне со ова раководство предводено од Венко Филипче, кое нема намера ниту да спроведе внатрепартиска кадровска реформа, ниту, пак, да се огради од Зоран Заев.


