Skip to main content
Хроника

Нападнат полицаец во Гази Баба

22/03/2026  14:26

Полицаец бил нападнат во Гази Баба. Во Визбегово пак е пријавен сериозен случај на насилен упад и физички напад во семеен дом, информира Министерството за внатрешни работи.

Првиот случај се случил на 21 март 2026 година во 23:50 часот, кога полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 42-годишниот Д.М. од Скопје, поради тоа што нападнал полицаец при извршување службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во вториот случај, пријавен на 22 март во 01:00 часот, 57-годишен жител на селото Визбегово пријавил дека претходната вечер, околу 22:30 часот, неколку лица негови соседи насилно влегле во неговиот дом.

Според пријавата, напаѓачите ја скршиле влезната врата и физички го нападнале, при што едно од лицата го удирало со пиштол по главата. Во инцидентот било оттурнато и малолетното дете на пријавителот.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.