Skip to main content
Македонија

Филипче: Владата не сака реформи за ЕУ, само бизниси за мала група блиска до ВМРО

19/01/2026  13:39

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање нагласи дека на владата не и се важни реформите за европската иднина на државата и нема искрена намера да ја води земјата кон Европската Унија, туку единствено се грижи за бизнис-интересите на мала група блиска до ВМРО-ДПМНЕ. 

„Тоа што ништо не исполнија од договореното досега и тоа што еве полека ја разоткриваме нивната власт, е дека само еден голем бизнис за една мала група на луѓе блиска до ВМРО-ДПМНЕ, значи дека немаат намера, исто како и досега, да сработат нешто од реформската агенда”, рече Филипче.

Тој додаде дека на граѓаните треба да им е јасно дека со оваа влада нема реформи, туку само лажна пропаганда и спроведување на нивните бизниси. 

„Се е една лажна пропаганда со цел нивните бизниси во позадина да тераат. Нема збор за сомнителниот капитал од АЛТА банка, нема збор за тендерите 161 тендер милионски тендери за компании вчера регистрирани на луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ, средби со луѓе на вицепремиерот, со луѓе блиски до Путин. Премиерот кажува реформската агенда. Сега требаше многу работи да се случат, за жал разоткриени се”, рече Филипче.

Притоа, Филипче посочи дека владата на ВМРО-ДПМЕ целосно ја закочи европската иднина на државата.

„Имаа можност, 12 закони требаше да се донесат во 2025 година. Се донесе само еден на крајот на годината и тоа парцијално донесен, без сите препораки од Европската Унија, што е доказ дека тие само сакаат нешто да направат, евентуална реформа, колку да се каже дека нешто се работи од временската агенда, но не вистински да се реформира”, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.