
Чак Шумер, лидерот на демократите во американскиот Сенат, изјави дека ќе го блокира воведувањето царини со кои претседателот Доналд Трамп се закани против европските сојузници поради спорот за Гренланд.
„Непромислените царини на Доналд Трамп веќе ги зголемија цените и ја оштетија нашата економија, а сега само ги влошува работите“, наведе Шумер во соопштение.
„Неверојатно е што сака да ја зголеми глупоста со воведување тарифи на нашите најблиски сојузници за неговата донкихотовска мисија да го преземе Гренланд“, рече тој.
Трамп претходно објави дека САД ќе воведат царини од 10 проценти на увоз од осум европски земји од 1 февруари поради спорот за Гренланд.
