Skip to main content
Скопје

Инспекциски надзори во „Титан – Усје“ во 2025 година не утврдија неправилности

02/01/2026  18:03

Инспекциските контроли во цементарницата „Титан – Усје“ во текот на 2025 година не откриле неправилности поврзани со аерозагадувањето, соопшти директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска. Во текот на годината извршени се два редовни и четири вонредни надзори, вклучувајќи и ненајавени проверки од инспектори од повеќе институции. Гиновска посочи дека фабриката редовно доставува извештаи за емисиите, а инспекциските надзори продолжуваат на секои 15 дена.

Таа истакна дека иако индустријата придонесува за загадување, според експертски анализи, најголемо влијание врз квалитетот на воздухот во Скопје имаат домаќинствата, следи сообраќајот, додека индустријата е на трето место. Од Управата за животна средина информираа дека „Титан – Усје“ има важечка А-интегрирана еколошка дозвола до 2027 година и дека не постојат законски основи за нејзино одземање. Институциите најавија продолжување на засилените контроли за заштита на амбиентниот воздух.