Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за загаден воздух

21/12/2025  20:37

magla zagadenost vozduh soobrakaj

Владејачката партија смета дека е  лицемерно СДСМ да говори загаден воздух.

-Ветуваа „ајро ајро“ на митинг, почист воздух, а во суштина нивен министер протестираше против загадувањето на воздухот наместо да преземе мерки, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.

Во време на СДС, парите наместо за животна средина и почист воздух, се трошеа 1.6 милиони евра за лубриканти. За 7 години можеа барем за 10% да го намалат загадувањето на воздухот, ама приоритет им беше градење згради, како што сакаа во Ѓорче во Хром да никнат 100 згради во 2020 година и Расадник исто така 100 згради исто периодот 2020 година.Да резимираме, доколку СДС навистина сакаше, можеше да преземе нешто.

А сега би сакале да ги напоменеме нашите чекори кои како централна власт за 1,5 година ги преземаме, заедно со локалната.

– Стратегија за почист воздух 2024-2030

– Субвенции за инвертер клими

– Прочистувачи на воздух низ градинките во Скопје

– Масовно пошумување на државата

– Гасификација на државата

– Град Скопје воведе мерки и препораки до граѓаните за заштита од загадениот воздух

– Изградба на две когенеративни централи на влезовите во Скопје

– Паркови со клупи во кои има вградени прочистувачи на воздухот

Ова се само дел од чекорите кои ги имаме преземено, во делот справување со загадениот воздух, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.