
Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, и покрај победата, истакна дека не е целосно задоволен од изданието на својот тим против Севилја. „Кралевите“ синоќа на „Сантијаго Бернабеу“ триумфираа со 2:0 во рамки на 17. коло од шпанскиот шампионат, но, според Алонсо, има простор за напредок во играта.
– Ќе имаме време да размислиме каде сме. Денес беше натпревар што мораше да го добиеме. Знаеме дека сме способни да играме подобро и сакаме да играме подобро. Ја знаеме нашата ситуација, имаме одредени барања и елемент на самокритика што ќе ни овозможи да играме подобро. Знаеме дека не играме на нашето ниво и сакаме да се подобриме. Пред натпреварот прашавте што би било најважно, а најважно беше да победиме. Некои работи не одеа како што сакавме, во други аспекти бевме поблиску до посакуваниот резултат. Ги добивме нашите последни натпревари, а тоа ни овозможува да ја започнеме следната година со можност да се натпреваруваме за сите трофеи, го цитира „Марка“ Алонсо.
По 18 одиграни кола, Реал Мадрид има 42 бода и се наоѓа на втората позиција на табелата во Ла Лига. Лидер е Барселона со 43 освоени бода, но и натпревар помалку.

