Skip to main content
Свет

Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија

21/12/2025  20:17

Премиерот на Унгарија смета дека доколу Украина се распаде, ќе има сериозни последици врз неговата земја.

– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.

Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.

– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.