
Украина успеа да ја врати контролата врз околу 16 квадратни километри во северниот дел на Покровск, Доњецка област, во текот на изминатите неколку седмици.
Во блискиот Мирноград, украинските единици ги задржуваат одбранбените линии и елиминираат руски единици во приодите на градот, се вели во соопштението.
Се прецизира дека логистиката во зоната останува сложена и украинските единици преземаат мерки за проширување на логистичките коридори до Мирноград.
