Skip to main content
Македонија

Муцунски им честиташе на граѓаните на Србија за изборите, ѝ посака успех на Студентската листа

26/10/2026  11:24

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски им честиташе на граѓаните на Србија за успешните парламентарни избори, а на Студентската листа им посака успех за постигнатиот резултат.

-Искрени честитки до граѓаните на Србија за успешно спроведените парламентарни избори, а особено до победниците за постигнатиот изборен успех! На претставниците на Студентската листа им посакуваме многу успех во преземањето на одговорноста и исполнувањето на очекувањата на граѓаните – напиша министерот на социјалната мрежа „Х“.

Министерот во објавата додава дека Македонија останува цврсто посветена на натамошното продлабочување на нашето пријателство и добрососедските односи, во интерес на заедничката иднина во ЕУ и просперитетот на целиот регион.