Skip to main content
Свет

Трамп ја повтори својата поддршка за Нетанјаху пред изборите во Израел

26/10/2026  11:12

Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати уште едно писмо со поддршка до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред парламентарните избори во Израел.

„До народот на Израел, а особено до оние кои се уште не го виделе тоа, ја приложувам поддршката што му ја испратив на вашиот премиер, Биби Нетанјаху, пред една недела. Како што сите знаат, вклучително и непријателот, Биби и јас имавме одлична соработка и заедно извојувавме низа победи“, наведе Трамп во објава на социјалната мрежа Truth.

Како пример, Трамп го наведе нападот во Венецуела, велејќи дека тоа е една од најуспешните воени операции во историјата.