Кривична пријава е поднесена против 23-годишната М.С. од гостиварско село од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поради сомнение за сторено дело запуштање и малтретирање на дете.
Како што информира МВР, пријавената, физички ја малтретирала нејзината поќерка, по што ја напуштила куќата и го оставила девојчето.