Шпанија минимално, Србија ја совлада Швајцарија

Фудбалската Селекцијата на Србија дојде до победа во дуелите со Швајцарија и тоа во Лигата на нации каде во Лесковац ја совлада со 2-0.

Елведи во финишот на првиот дел си постигна несреќен автогол, а во 61 Митровиќ со најубавиот потег на средбата, мајсторија зголеми на 2-0.

Шпанија пак оствари минимален триумф над Данска и го презема првото место во групата. Долго време европските шампиони не можеа да го скршат отпорот на скандинавците се до 79 минута кога Зубименди некако успеа да ја смести топката во мрежата на Шмахјел.

Португалија дојде до „три од три“ откако ја реши Полска на нејзин терен со 3:1 со погодоците на Силва, Роналдо и Беднарек (автогол).

Во сегментот Ц, Романија го надигра Кипар со 3-0, Белорусија и Северна Ирска останаа одиграа без голови 0-0.

Треба да знаете
Последни објави