Посилен земјотрес предмалку ги разбуди Србите – почувствуван е и во Македонија

Земјотрес со јачина од 4 степени по Рихтер, предмалку ги разбуди граѓаните на Србија.

Епицентарот на земјотресот беше во близина на македонската граница, односно на 12 километри североисточно од Врање, или на 82 километри од Скопје.

Земјотресот беше на длабочина од 14 километри и се почувствува 4 часот и 48 минути по локално време.

Земјотресот беше почувствуван и во Македонија и во Бугарија.

Треба да знаете
Последни објави