Болидот на Мекларен на Сена од 1990-та повторно ќе ја мине патеката Интерлагос

Болидот на Мекларен во кој легендарниот бразилски возач Аиртон Сена ја освои светската титула во 1990 година, повторно ќе се појави на патеката на почетокот на ноември, за време на трката за Големата награда на Бразил во Сао Паоло, како дел од 30-годишнината од смртта на еден од најомилените во спортисти во Бразил.

Водството на Светскиот шампионат во Форумула 1 ја потврди оваа вест во петокот, но не го откри името на возачот кој ќе ја има честа да го вози болидот на Сена на патеката Интерлагос.

Тимовите на Хонда и Мекларен ќе го донесат болидот „MP4/5B“ во Бразил како дел од иницијативата SENNA SEMPER (Сена засекогаш). По завршувањето на кругот во Интерлагос, болидот ќе биде прикажан во близина на гаражата на тимот.

Треба да знаете
Последни објави