Алими: Подготвен сум да помогнам на која било позиција за Македонија

Нашата најдобра фудбалска селекција одигра сигурно на гостувањето во Рига и заслужено славеше со убедливи 0-3.

„Најважно е што ги освоивме трите бода. Почнавме добро, дадовме гол во првото полувреме, а имавме шанси и за уште неколку. Во второто постигнавме уште два и најважно е што не примивме гол. Оваа победа беше многу важна за нас, бидејќи сите знаеме како загубивме два бода против Фарски Острови. Сега одиме во Ерменија по нова победа.

Се надевам дека Висар е добро и дека ќе може да игра со Ерменија, за мене тој е топ играч, а јас сум тука да помогнам во репрезентацијата на која било позиција“, македонскиот репреземтативец Исник Алими.

Треба да знаете
Последни објави