ВИДЕО: Орбан физички нападнат

Членот на Унгарската демократска коалиција Мартон Џекички денеска го нападна унгарскиот премиер Виктор Обран за време на прес-конференција во Европскиот парламент.

Орбан не е повреден во инцидентот, а обезбедувањето брзо го совлада Џекички и го фрли на подот, по што беше изнесен од салата.

„За колку ја изневери државата, премиере?“, го праша Џекички Орбан додека неговите телохранители го водеа надвор од салата.

Орбан по инцидентот коментираше дека „унгарскиот е директен јазик и дека комуникацијата може да биде груба“, пренесува унгарски Телекс.

„Кога еден политичар ќе му каже на друг дека е негативец, во нашата култура тоа значи „не се согласувам со тебе“, рече Орбан

Треба да знаете
Последни објави