Моторот на авионот на „Рајанер“ во Италија се запалил , патниците евакуирани

Моторот на авионот на „Рајанер“ се запалил на летот Бриндизи – Торино во Италија, а патниците се евакуирани.

Локалните медиуми јавија дека избувнал пожар на моторот на летот на „Рајанер“ со број 8826, кој требало да полета од градот Бриндизи на југот на Италија кон Торино на на север. Од авионот се евакуирани 184 лица.

Италијанската противпожарна служба соопшти дека нема повредени. Исто така, беше наведено дека сите летови на аеродромот во Бриндизи се суспендирани.

Треба да знаете
Последни објави