ФИФА го суспендираше Самуел Ето

Некогашниот камерунски фудбалер Самуел Ето се најде во фокусот на јавноста поради заканите кои им ги испраќаше на селекторите на различни камерунски репрезентации, но сега е казнет од ФИФА поради недолично однесување на Светското првенство за жени д0 20 години.

Според објаснувањето на светската Федерација, Ето го прекршил ФИФА кодексот според две точки со своите погрдни зборови за противниците и официјалните лица на натпревар на мундијалот, а во дадениот случај станува збор за осминафиналето меѓу Бразил и Камерун.

Ето ја прелил чашата на толерантност кај ФИФА и со своето некултурно однесување предизвика реакција од дисциплинците, кои денеска соопштија дека Самуел е суспендиран во период од шест месеци.

Тој нема да има право да се појави на ниту еден натпревар за Камерун во било која категорија, или конкуренција, а суспензијата стапува на сила од денеска и ќе трае во наредните 180 денови.

Треба да знаете
Последни објави