Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ завршија на инфузија: „Боже, дај ми сила…“

Српската пејачка Марија Шерифовиќ, е позната по својата волшебна харизма, како и по својот необичен хумор.

Така на нејзините социјални мрежи и блогови често можеме да видиме хумористични објави и духовити забелешки.

Марија сега сподели фотографија на која позира со својата пријателка и колешка Јована Пајиќ, каде што гледаме дека и двете се приклучени на инфузии.

Седеле во домашни услови, во опуштени изданија, додека Марија се држела за главата. А причината е…

– Официјално започнаа подготовките за новата песна на Јована Пајиќ. Боже, дај ми сила и мудрост – напишала Шерифовиќ и додала емотикони на брза помош, таблети и раце склопени во молитва.

Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ често поминуваат време заедно, тие беа и на заедничко летување.

Инаку, Јована Пајиќ неодамна се разведе, за што сè поотворено зборува во јавноста, а со песната „Презимето се брише“ многумина мислат дека сакала да го „пецне“ поранешниот сопруг Александар Цветковиќ – Сале, фронтменот на групата „Тропико“.

Извор: Еспресо

Треба да знаете
Последни објави