Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Куршумлиска Бања

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Куршумлиска Бања, Србија откако буквално ја победи убедливо првата носителка, Пана Удварди од Унгарија.

Удварди е на 135. место на ВТА листата, но Лина Ѓорческа денеска имаше маестрален ден, загуби само три гема од фаворитката и прелесно ја победи.

Првиот сет беше перфектен за Лина, Македонката го доби со 6-0, во вториот беше 6-3. Мечот траеше само 50 минуи.

Ѓорческа во четвртфиналето ќе игра против Далила Јакуповиќ од Словенија која е на 252. место на ВТА листата.

Треба да знаете
Последни објави