Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство ќе презентира два нови извештаја

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство денеска ќе ги презентира извештаите за сексуално насилство преку слики и дипфејк технологија, со акцент на компаративна анализа и препораки за унапредување на правната рамка во Република Северна Македонија, како и извештајот кој ги разгледува предизвиците на концептот на заедничко родителство и неговото усогласување со најдобриот интерес на детето.

Како што информираат организаторите, во рамките на настанот што ќе се одржи во хотел „Мериот“ со почеток од 09:30 часот ќе има две панел дискусии.

На првата панел дискусија ќе се зборува за сексуалното насилство со главен фокус на недостатоци во правната и институционалната рамка за заштита на жртвите во Северна Македонија, односно ќе се дискутира за постоењето на правната празнина во изнаоѓањето конкретни и ефикасни решенија за справување со сексуалното насилство преку слики, вклучително и преку злоупотреба на нови технологии како дипфејк.  

На втората панел дискусија ќе се отвори прашањето на воведување на концептот на „заедничко родителство/старателство“, анализирајќи го конфликтот помеѓу правото на најдобриот интерес на детето и правото на родителот, притоа ставајќи фокус на македонскиот контекст и (не)подготвеноста на институциите да ги препознаат различните форми на семејно насилство, и да обезбедат соодветна заштита за жртвите.

Треба да знаете
Последни објави