Стефано Пиоли ја прифати понудата во Саудиска Арабија

Италијанскиот фудбалски стратег Стефано Пиоли (58) е новиот тренер на Саудиска Ал Наср.

На кормилото на Ал Наср, Пиоли ќе го наследи португалскиот тренер Луис Кастро (63), кој доби отказ по лошиот старт на сезоната.

Португалецот го презеде клубот минатиот јули, но не успеа да ја освои шампионската титула. Ал Наср заврши на второто место зад Ал Хилал.

По три кола од новата сезона тој е на седмото место со една победа, што беше доволно да му врачи отказ на португалскиот тренер.

Треба да знаете
Последни објави