Македонија e 72. место на ФИФА ранг листата

Светската фудбалска федерација (ФИФА), во четвртокот ја објави најновата ранг листа на која Македонија го задржа пласманот од претходното рангирање.

Во септември, Македонија одигра два меча во Лигата на нации, завршувајќи нерешено против Фарски Острови (1:1) и победа над Ерменија (2:0). Со овие резултати, македонските најдобри фудбалери ја задржа својата 72-ра позиција на ФИФА ранг листата.

На последната објавена листа, нема промени во првите 10 места: Аргентина останува на врвот, следена од Франција, Шпанија, Англија, Бразил, Белгија, Холандија, Португалија, Колумбија и Италија.

Треба да знаете
Последни објави