Жалгирис му го продолжи договорот на Тринкиери до 2026 година

Италијанскиот кошаркарски тренер Андреа Тринкиери го продолжи договорот со екипата на Жалгирис, а оваа вест ја потврди првиот човек на тимот од Каунас, Паулиус Јанкунас.

„Точно е, договорот на Андреа е продолжен на уште една година и продолжуваме да работиме заедно“, изјави Јанкунас.

Според новиот договор, Тринкиери ќе остане до летото 2026 година, по преговорите кои започнаа уште во април, додека по речиси пет месеци беше постигнат договор на двете страни.

Треба да знаете
Последни објави