Град Скопје: Започна проектот за целосна реконструкција на зелениот појас на десната страна на кејот на реката Вардар

Отпочна проектот за целосна реконструкција на зелениот појас на десната страна на кејот на река Вардар, која се одвива во повеќе фази со цел воспоставување на мултифункционален модерен јавен простор со ново зеленило, информираат од Град Скопје.

„Се започнува со обнова на зелениот појас на кејот на реката Вардар од Мост Генерал Михајло Апостолски до мостот Близнак, на должина од над 1500 метри должина, при што се поставува нова хидрантска мрежа и формира над 12.000 метри квадратни нова зелена површина“, се нагласува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави