Вооружен маж упадна во загрепската болница Ребро

Неидентификуван маж денеска влезе со оружје во Клиничкиот болнички центар Ребро во Загреб, јавуваат хрватските медиуми.

Според информации на „Јутарњи лист“, дојавата до полицијата стигнала во 10:05 часот. Полицијата сè уште не утврдила дали станува збор за вистинско оружје.

На терен е и интервентната единица, која заедно со службеници од ПУ Загреб води преговори со мажот.

Според истиот весник лекарите, болничкиот персонал и пациентите се заклучиле во ординациите заради својата безбедност.

Треба да знаете
Последни објави