Малолетник нападнат во парк во Бардовци

Малолетник бил физички нападнат во парк во селото Бардовци.

Случајот го пријавил таткото на детето.

„Денеска (02.09.2024) во 10.30 часот во Полициската станица Карпош, М.Н.(36) од Скопје пријавил дека на 30.08.2024 околу 20.00 часот во парк во с.Бардовци, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Д.А. од с.Бардовци“, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави