Сообраќајка во Охрид: Двајца тешко повредени

Синоќа во 00:40 часот, во СВР Охрид пријавена е сообраќајна несреќа на крстосницата на улиците „Асном” и „Партизанска” во Охрид.

Во инцидентот биле вклучени патничко возило „ауди” со охридски регистарски ознаки, управувано од К.М. (24) од Охрид, и мопед „априлија”, управуван од Д.В. (18) од Охрид.

Според информациите, по првичниот судир, мопедот удрил во паркирано патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата, возачот на мопедот и неговиот малолетен сопатник од Охрид задобиле тешки телесни повреди и биле пренесени во Специјалната болница „Св. Еразмо” во Охрид.

Увидна екипа на СВР Охрид извршила увид на местото на инцидентот и ги презела сите потребни мерки за расчистување на случајот

Треба да знаете
Последни објави