По расправија ја пријавил во полиција невенчаната сопруга дека му го оштетила возило

Жител на неготинско село синоќа пријавил во полиција дека неговата невенчана сопруга му го оштетила возилото, информираа денеска од СВР Велес.

– Синоќа во 19.40 часот ОВР Неготино било пријавено дека во градот бил нарушен јавниот ред и мир со агресивно однесување и расправија помеѓу Б.Д.(53) и неговата невенчана сопруга А.М.(19), двајцата од неготинско село, по што Б.Д. пријавил дека А.М. со тврд и остар предмет му го оштетила неговото патничкото возило „мицубиши“. По целосно документирање на настанот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштија од СВР Велес.

Треба да знаете
Последни објави