(Фото) Во очајна состојба е паркот „Шопен“ во Кисела Вода

Малиот парк „Фредерик Шопен“ во скопската населба Кисела Вода е во најблаго речено очајна состојба.

Наместо уредено зеленило, паркот е полн со ѓубре, со неискосена трева, измет од животни, големи вирови со вода и со оштетени реквизити.

Граѓаните кои живеат околу паркот коментираат дека тој до сега постојано се чистел и уредувал и дека годинава за првпат е толку запуштен, што дури и е небезбеден за децата кои се чести посетители.

Иако до почетокот на учебната година има само уште два дена, во лоша состојба е и дворот на основното училиште „Невена Георгиева Дуња“ кое е во непосредна близина на паркот „Шопен“.

И тој е полн со ѓубре, грмушки и неискосена трева.

Треба да знаете
Последни објави