Видео: Во Желино прободено лице кое претходно му се зканувало на градоначалникот

Лице со иницијали Ф.Б е повредено со нож во село Стримница во општината Желино, објавува ТВ21.

Според информациите на Телевизијата, Ф.Б претходно му се заканувал на градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу во дворот на џамијата, по што Ф.Б започнал тепачка со друго лице. Тепачката продолжила во центарот на селото, каде од лицето со кое се тепал бил повреден Ф.Б..

Повредениот е однесен во Клиничката болница во Тетово, а оттаму е префрлен на скопските клиники.

Градоначалникот за сега не е достапен за коментар, а повеќе информации се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.

Треба да знаете
Последни објави