Трагедија избегната за влакно во Прилеп: Куќата почнала да гори, а двете деца биле сами внатре

Вчера во Прилеп, на улицата Леце Котески, избувнал пожар во куќа сопственост на 48-годишниот Д.А., при што две деца се здобиле со телесни повреди од изгореници. Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), децата биле сами во една од просториите кога избувнал пожарот.

Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а на местото на настанот увид извршила екипата на ОВР Прилеп. Причините за пожарот сè уште се истражуваат, а повредените деца се под медицинска нега.

Треба да знаете
Последни објави