Максим Димитриевски плати казна за паркирање – ги пофали тие што го казниле

Градоначалникот на Куманово и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски, плати казна од 1.000 денари за зонско паркирање и истовремено го пофали градското претпријатие „Куманово паркинг“ за неселективност.

„Нулта толеранција! Респект Куманово паркинг!“, напиша Димитриевски на Фејсбук, истовремено објавувајќи фотографии од неговото возило со поставена „канџа“ и платената сметка.

Треба да знаете
Последни објави