Почина фудбалерот кој колабираше на меч од Копа Либертадорес

Уругвајскиот дефанзивец Хуан Изкиердо (27) почина во болница пет дена откако колабираше за време на поразот на неговиот тим од бразилски Сао Паоло со 2-0 во Копа Либертадорес, потврди уругвајскиот клуб.

„Со најдлабока болка во нашите срца, шокирани сме од смртта на саканиот играч Хуан Изкиердо. Изразуваме сочувство до неговото семејство, пријателите, колегите и најблиските. Национал жали за непоправлива загуба. Хуан, ќе бидеш со нас засекогаш“, напиша Национал.

Да потсетиме, Изкиердо колабираше во 84. минута од натпреварот, а медицинската служба веднаш реагираше. Откако му беше укажана помош на теренот, веднаш беше префрлен во болница.

Охрабрувачките вести, првично дојдоа од болницата, кога лекарите објавија дека се рабти за срцева аритмија и дека не станува збор за инфаркт.

Сепак, пет дена откако Уругваецот колабираше, тој почина во болница.

Треба да знаете
Последни објави