Во две засебни сообраќајки во Тетово, тешко се повредени двајца мотоциклисти

Во изминатото деноноќие во СВР Тетово биле пријавени две сообраќајни несреќи во кои тешко се повредени двајца учесници во сообраќајот.

„Вчера во 15:35 часот во СВР Тетово, било пријавено дека на улица Иво Лола Рибар во Тетово се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно возило ман со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Б. од село Ларце, тетовско, мотоцикл управуван од Р.И. од Тетово и патничко возило форд фокус со тетовски регистарски ознаки, паркирано од Н.М. од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово“, информираа од тетовската полиција.

Вчера вечерта пак, во 19:50 часот било пријавено дека на регионалниот пат од село Лешок кон село Жилче, мотоцикл управуван од К.П. од Скопје излетал надвор од коловозот.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово“, соопшти СВР Тетово.

Треба да знаете
Последни објави