Полицијата пронајде пет мигранти од Мароко во товарен воз

Вчера во 12.20 часот на Железничка станица Криволак, при запирање на товарен воз кој сообраќал на релација Граничен премин Богородица – Граничен премин Табановце, полициски службеници од Полициската станица Неготино пронашле пет лица мигранти од Мароко, извести МВР.

Мигрантите биле предадени на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово за понатамошна постапка.

Денеска во 06.10 часот кај село Смоквица, гевгелиско, при проверка на товарен воз кој сообраќал на релација Граничен премин Богородица до село Трубарево, скопско, полициски службеници од Полициската станица за граничрен надзор и граничен премин Богородица пронашле две лица мигранти, кои биле предадени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, соопшти МВР.

Треба да знаете
Последни објави