Малолетен пешак удрен од автомобил во скопско

На 24.08.2024 во 07.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„4“во с.Ржаничино, скопско, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.М.(31) од с.Петровец, удрило во малолетен пешак од с.Ржаничино, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави