Уапсен 29-годишник од Прилепско за „предизвикување шумски пожар“

Вчера во 21.00 часот во село Канатларци, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода 29-годишниот Х.М. од село Канатларци поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување шумски пожар“ по член 227 од Кривичниот законик, извести МВР.

Тој се сомничи дека околу 19.00 часот кај место викано „Корија“ во атар на село Канатларци предизвикал пожар во кој горела сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема“, соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави