Телефонски разговор Муцунски – Фидан


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан.

Во разговорот министерот Муцунски се заблагодари за укажаната помош за справување со пожарите во земјава, што претставува дополнителна потврда за солидарноста и долгогодишното пријателство меѓу двете земји.

Воедно, двете страни ги потврдија одличните билатерални односи меѓу двете, како и заложбите за зајакнување на соработка на политичко и економско ниво. Во периодот што следи, земјите ќе се залагаат за унапредување на трговската размена, привлекување инвестиции и подобрување на соработката во областа на туризмот.

Во рамки на разговорот стана збор и за сојузништвото и одличната соработка во рамки на НАТО, што беше реафирмирана и на Самитот на Алијансата во Вашингтон. Дополнително, беа истакнати заеднички напори за справување со актуелните безбедносни предизвици и зачувување на трансатлантската стабилност.

Треба да знаете
Последни објави