Извлечено телото на 43-годишникот кој вчера се удави во Дојранско Езеро

Денеска во раните утрински часови тројца пожарникари од ТППЕ Струмица го извлекоа телото на 43-годишниот Д.М. кој вчера се удави во водите на Дојранското Езеро.

И од СВР Струмица потврдија дека телото е извлечено и е предадено на обдукција.

Инаку, МВР соопшти дека вчера околу 10 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Дојран машко лице од чамец скокнало во езерото, пливало неколку метри, по што се удавило.

Треба да знаете
Последни објави