„Туристичката населба Претор без вода за пиење, одговорност мора да има“, велат од партијата Левица

Во екот на сезоната, туристичката населба Претор се соочува со недостиг на вода за пиење. Трагично е тоа што оваа населба неколку пати немала ниту техничка вода. Срамота е да потсетуваме дека водата е еден од основните услови за живот и дека на овој начин наместо да се развива туризмот се повеќе се уништува.

Минатата година лидерот на партијата Мицковски и градоначалникот Тозиевски се сликаа и се пофалија со изведба на новиот проект, поставување на нов резервоар за вода и тврдеа дека проблемот е решен. Парите се потрошени, а проблемот останува.

Дали ова беше уште едно празно ветување пред парламентарните избори. Граѓаните заслужуваат отчет за потрошените средства. Мора да има ефективност и резултати од изведените проекти а не само слики

Левица апелира до надлежните институции да се направи целосна ревизија на проектот. Потребно е трајно решение на проблемот.

Треба да знаете
Последни објави