Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека повторно е отворен граничниот премин „Богородица“. Граничниот премин денеска беше привремено затворен поради пожар, кој избувна на грчка страна. Во моментот граничниот премин функционира нормално.