Температура денеска до 43 степени, портокаловиот аларм активен до крајот на работната седмица

А на гасењето на пожарите не помага ниту времето.

Денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максималната температура ќе се движи од 36 до 43 степени.

Во Скопје сончево и многу топло.

Максималната температура ќе достигне 41 степен.

Според прогнозата на метеоролозите, во наредните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува 40 степени, поради што до крајот на работнава седмица ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.

А поради високите температури препораки и до граѓаните од Институтот за јавно здравје.

Велат во овие екстремно топли денови со себе да носат шише вода, да имаат лесна, светла и комотна облека, да се тушираат со посвежа или млака вода, да се носи капа, шешир или чадор за заштита, доволно да се спие, да се јаде овошје и салати, да се избегнуваат алкохол, кафе, чај, како и топла, зачинета и солена храна што може да доведе до дехидратација.

Надлежните советуваат активностите на отворено да се спроведуваат пред 11 и по 17 часот.

Треба да знаете
Последни објави