Секое утро ја правите оваа грешка додека ги миете забите и затоа жолтеат – еве што треба да примените

Оралната и денталната хигиена е многу важна за целокупното здравје. Постојат грешки кај миењето заби, кои најверојатно ги правите секојдневно и не сте свесни дека така го загрозувате здравјето на вашите заби. Еве на што треба да обрнете внимание:

Сите знаеме дека забите е потребно да се мијат најмалку две минути и тоа два пати на ден. Она што го правиме е миењето на брзина, па на нив и понатаму остануваат остатоци од храна, што е погодно за развивање на бактерии во усната шуплина. Забен камен, воспаленија се само некои од проблемите со кои се среќаваат и борат оние кои не се грижат доволно за хигиената во усната шуплина.

Исто така грешиме и во количината на паста за заби која ја ставаме на четката. Не е потребно да се стави долж цела четка бидејќи тоа долготрајно ќе ги оштети забите и тие со текот на времето ќе станат жолти.

Производителите на на пасти за заби препорачуваат четкање со количина на паста во големина на зрно грашок, но често луѓето ја занемаруваат таа информација и ја прекриваат четката за заби со паста. Сетете се на овие совети следниот пат кога ќе ги миете вашите заби.

Треба да знаете
Последни објави