Превентивно затворена сендвичарница во скопски Аеродром

По добиено известување од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје, за сомнеж за можно труење, инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во координација и соработка со стручни лица од Центарот за јавно здравје, Институтот за јавно здравје и Државниот здравствен и санитарен инспекторат, вчера, 10.07.2024 година, спроведоа вонреден инспекциски надзор во сендвичарница во скопски Аеродром.

Издадено е решение за забрана за подготовка и послужување на храна се до добивање на негативни резултати, како превентива за можно ширење на заразата, спроведување на вонредни санитарни прегледи, темелно механичко и хемиско чистење.

Треба да знаете
Последни објави