Охриѓани дивееле во угостителски објект па оштетиле и полициско возило

На 11.06.2024 во 19.10 часот во угостителски објект на булевар „Железничка” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода Н.М.(38), В.М.(42), двајцата од село Лешани, општина Дебрца, и М.И.(26) и Д.Н.(33), двајцата од Охрид, затоа што  оштетиле дел од инвентарот во објектот, а при интервенција на полициски службеници го оштетиле и службеното полициско возило.

Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави